| четврток, 6 декември 2018 |

Најнеизвесни избори во Турција во последната деценија

В недела Турците ќе гласаат на парламентарни избори, кои важат за најнеизвесни во последната деценија поради најмалку две причини.

 

Првата е дали владејачката конзервативно-исламистичка Партија на правдата и развојот (АКП) по четврти пат ќе победи на парламентарните избори и ќе го зголеми своето мнозинство, а втората е дали курдската Демократска партија на народите (ХДП) ќе успее да го мине изборниот праг за влез во турскиот Парламент.
Како што оценуваат аналитичарите во Анкара, колку и да изгледаат дијаметрално различни, овие две дилеми се тесноповрзани и од нив во голема мера ќе зависи политичката иднина на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top