Триесет и едногодишниот битолчанец Пеце Роговоски пред околу една година беше опериран од туморозна творба, т.е лопосаркома миџсоидес на лева глутеална регија на пластична хирургија, во државната болница во Скопје. После тоа беше опериран уште еднаш, а потоа следеше зрачна терапија.
Сето тоа се одвиваше во Скопје, а за тоа беа потребни многу финансиски средства бидејќи траеше 7 месеци.
Пред неколку месеци му е дијагностицирана нова туморска творба на карлица заедно со спиналниот канал поради што повторно беше во Скопје на зрачење и за тоа беа потрошени 120.000 денари.
Сега е потребна итна операција која според информациите ќе чини околу 20.000 евра, а исто така потребни се и финансиски средства за дополнителни снимања и испитувања, како и патни трошоци, сместување.
Роговски е невработен и живее со својата самохрана мајка, која, исто така, е невработена.
Сметка за донации во Македонија:
Роговски Пеце
290500007892819
ТТК Банка
Можност за донација на indiegogo.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“