| четврток, 6 декември 2018 |

Во Грција се можни предвремени избори

Municipal and regional elections in Greece

Грчката Влада би можела да распише предвремени избори доколку земјата не успее да се договори со меѓународните кредитори околу условите на новиот договор за реформи, изјави грчкиот заменик-министер за социјална сигурност Димитрис Стратулис.

– Кредиторите сакаат да ни наметнат тешки мерки. Ако не отстапат од овие уцени… Владата ќе мора да бара алтернативно решение – избори – нагласи Стратулис.

Стратулис му припаѓа на екстремно левото крило на владејачката Коалиција на радикалната левица (Сириза), па според грчките медиуми, засега не е јасно дали идејата за предвремени избори е и став на мнозинството во партијата или само на оваа партиска фракција.

Според него, постои се поголем гнев поради предлозите на кредитерите и се повеќе расте чувството дека Сириза ќе бара алтернативи за да го избегне прифаќањето на планот.

Грција вчера соопшти дека за неа е неприфатлив предлог-договорот што во текот на преговорите го понудиле кредиторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top