| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ го одложи враќањето на долгот на Грција

grcija1

Меѓунарониот монетарен фонд (ММФ) синоќа соопшти дека донел одлука да го прифати барањето на Грција за одлагање на отплатата на нејзиниот долг до крајот на јуни.

– Грчките власти денеска го информираа ММФ дека планираат долгот што требаше да го отплатат на четири рати, да го вратат одеднаш кон крајот на јуни, изјави портпаролот на Фондот, Гери Рајс.

Тој информира дека грчката Влада побарала да и биде овозможено долгот во висина од 1,6 милирада евра да го исплати одеднаш.

Првата од четирите рати од долгот, во висина од 300 милиони евра, Грција требаше да ја плати денеска.

Извори од грчката Влада информираа дека Атина ги искористила прописите на ММФ за отплата на долговите, со цел да си обезбеди дополнително време за преговори.

Одлуката на Фондот да го прифати грчкото барање доаѓа во време кога преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори – ММФ, ЕУ и Европската централна банка, влегоа во критична фаза. Цел на преговрите, што траат веќе четири месеци, е постигнување договор со кој на Грција ќе и биде исплатена последната транша од помошта во износ од 7,2 милијарди евра, која и е нопходна за одржување на ликвидноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top