Двајца педијатри и двајца гинеколози од Западна Македонија, се најдобро платените матични лекари. Месечно на контото добиваат по 300 000 денари односно пет илјади евра капитација од ФЗОМ, објави порталот специјализиран за здравје „здрвство24“.
Според податоците на порталот четворицата лекари имаат по три до четири илјади пациенти. Гравитираат во општини каде има помал број на матични, а голем број на осигуреници.
Ако се направи калкулација со сумата што ја добиваат, со плаќање на трошоците за ординацијата и набавка на неопходните материјали, во џеб им останува најмалку половина од добиената капитација. Односно, чиста добивка од 2,5 илјади евра. Најниската исплатена капитација според податоците од ФЗОМ е 40 000 денари. Но тоа е стимулација од ФЗОМ за нови доктори. Истите ќе ја добиваат додека не соберат доволно пациенти.
Имајќи во предвид дека во Македонија има 1500 матични лекари, просечната капитација што ја исплаќа ФЗОМ е 103.000 денари. Капитацијата по осигуреник е 50 денари и матичните ја добиваат за бројот на пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани
-
ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози
-
Гинеколозите ќе издаваат само упати, а ФЗОМ нека лекува пациентки
-
ФЗОМ ќе ја зголеми квотата за овој месец и вкупниот буџет за лекови