На годинешното издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади“ ќе се одржи дебата на тема „Музиката и медиумите“ со поднаслов „Македонската музика во домашните и регионалните медиуми” на која ќе учестуваат Љупчо Јолевски (Радио Cлободна Eвропа), Саша Павловиќ (www.kritika.mk), Иван Бечковиќ (Радио Слободна Македонија), Дарко Кујунџиќ (музичар од Хрватска), Ивајло Александров (концертна организација Rawk ‘n’ Roll – Бугарија) и Милан Радосављевиќ (Музички соработник на РТВ Србја и сопственик на Miner Recordings – Србија). Модератор на дебатата ќе биде Тошо Филиповски (Максимум рокенрол).
Дебатата ќе се оддржи в сабота на 6 јуни во џебното кино „Фросина“ во МКЦ со почеток од 18 часот, влезот е слободен, добредојдени се сите изведувачи, музички промотери, блогери, вљубеници во музиката.
На дебатата ќе се отворат различни теми, а фокусот ќе биде на македонската музика и нејзиниот третман во медиумите.
Ќе бидат отворени прашања како, дали македонските медиуми отстапуваат соодветен простор и дали воопшто ја третираат македонската музика во своите медиуми и зошто медиумите од регионот воопшто не ги застапуваат музичките настани во Македонија.
Исто така, ќе се споредат и искуствата со гостите од регионот, а ќе се разговара и на тема застапеноста на македонската музика во регионалните медиуми.
Настанот е под покровителство на Канцеларијата на Европска Унија во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.