Со финансиска поддршка од Министерството за култура, заврши конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Спас“ во штипско Ново Село.
„Реализацијата на проектот, кој е дел од Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура, се одвиваше во неколку фази. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Штип во изминатиот период, по сеопфатните анализи на овој значаен сакрален споменик на културата, извршија препокривање на црквата заради превентива од влага, чистење на живописот кој датира од периодот на градење на црквата во 14 век и врз кој три века подоцна е насликан нов фрескоживопис од зографот Јован, како и консолидација на оштетените фрески. Последниот ваков зафат врз фрескоживописот, кој се одликува со исклучителни тонски квалитети, бил направен пред четири децении“ се вели во соопштението од Министерството за култура.
Црквата „Св. Спас“ е изградена од страна на војводата Димитрие во 1369 година како еднокорабна базилика со впечатливо обликувана надворешност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив