Европската команда на американската армија им забрани на своите војници и офицери да бидат присутни во Минхен и Гармиш-Партенкирхен, зоните каде што треба да се одржи самитот на Г7, јави дописникот на МИА од Берлин.
Забраната за патување во овие германски региони е издадена од американското Министерство за одбрана поради очекуваниот обем на антиглобалистичките протести и можноста од насилство. Забраната важи и за членови на семејствата на американските војници и вработени во фирми кои што сорабитуваат со американската армија, на кои им се препорачува да ги избегнуваат забранетите подрачја.
Оваа година Самитот на седумте најразвиени земји ќе се одржи на 7 и 8 јуни во главниот град на најбогатиот германски регион Баварија. Во Минхен се очекуваат десетици илјади демонстранти чија цел би можела да бидат и членови на американската војска.
На антиглобалистичките протести во Франкурт во февруари за време на отворање на седиштетото на Европската централна банка беа запалени десетици полициски возила, повредени беа дваесетина полицајци, стотина демонстранти беа притворени, а беше предизвикана огромна материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мировниот самит на ОН ќе почне со откривање на споменик на Нелсон Мандела
-
Укинување на руската блокада по фитосанитарната истрага во Македонија
-
Могерини: Западниот Балкан се движи сигурно кон иднина во ЕУ
-
Во Софија се одржа самитот на Европската народна партија, Мицкоски ооствари неколку билатерални средби