| четврток, 6 декември 2018 |

Вашингтон задоволен од текот на изборите

Izbori-12Американскиот Стејт департмент го поздрави завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насилни инциденти.

– Го поздравуваме завршувањето на првиот круг на локалните избори во Македонија без насилство. Со внимание ќе го разгледаме конечниот извештај на ОДИХР, како и конечното официјално објавување на изборните резултати. Очекуваме објавување на дополнителни информации од разните други набљудувачи и ќе продолжиме одблиску да го следиме изборниот процес и кампањата во пресрет на вториот круг на локалните избори на 7 април – стои во првичната реакција на Стејт департментот по завршувањето на изборите.

Од Стејт департментот информираат дека Амбасадата на САД во Македонија за овој изборен круг имала 27 набљудувачки тимови низ земјата, а дополнително, набљудувачи од САД биле ангажирани и во тимовите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top