| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК обезбеди уште 25 милиони евра помош за Ирак

ек

Европската комисија соопшти денеска дека обезбедила уште 25 милиони евра хуманитарна помош за Ирак. Со таа цифра, од почетокот на годината вкупната европска помош е 63 милиони евра.

Средствата ќе бидат за раселените поради воените дејствија. Тие ќе добијат засолништа, храна, вода и лекарства.

Комисијата наведува дека во изминатата година бројот на луѓе на кои им е потребна хуманитарна помош во Ирак е зголемен четири пати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top