| четврток, 6 декември 2018 |

Државен удар во Централноафриканска Република – новиот лидер го суспендира Уставот

Бунтовничките сили во неделата го зазеле главнио град на Централноафриканска Република, неколку дена откако се заканија дека повторно ќе се кренат против Владата.

Новиот лидер на Централноафриканска Република, Мишел Џотоди, вчера соопшти дека ќе го суспендира Уставот и ќе го распушти Парламентот, еден ден откако бунтовниците ја зазедоа престолнината Банги, а претседателот избега во егзил.

Сметам дека е непходно да се суспендира Уставот донесен во 2004 година и да се распушти Парламентот, како и Владата. За време на транзицијата, која ќе донесе слободни, чесни и транспарентни избори, ќе одлучувам со декрети, рекол водачот на државниот удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top