| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја стресе Гватемала

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го стресе главниот град на Гватемала, Гватемала Сити.

Како што соопшти Американскиот геофизички институт, епицентарот на потресот бил на шест километри југоисточно од Гватемала Сити, на длабочина од 147 километри под површината на земјата.

Властите на оваа централноамериканска држава соопштија дека засега нема информации за жртви или позначителни материјални штети при потресот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top