| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар го пеплоса ученичкиот дом во Дебар

­ Во пожар утрово целосно изгоре ученичкиот дом лоциран во населбата Венец 1 во Дебар. Пожарот во монтажниот објект избувнал околу пет часот во вториот кат. ­

– Веднаш по добиеното известување интервениравме. Во објектот имаше само едно лице, кое успеавме да го спасиме и веднаш му беше дадена лекарска помош. Бидејќи станува збор за монтажен објкет изграден пред четири децении, пожарот брзо се ширеше, но успеавме да го лоцираме за кус период и спречивме да не се прошири на соседните објекти – изјави Џетан Мифароски, командир на територијалната противпожарна единица во Дебар.

Според него, единицата интервенирала со шест противпожарни возила и со екипата од 15 пожарникари.

Објектот веќе неколку години беше надвор од функција. Последните две-три години во него живееа пет семејства со вкупно 15 члена, кои го немаат обезбедено станбеното прашање.

Објекот беше исклучен од елекртичната мрежа. Едно од семејствата било со шест деца. За среќа сите успеале навреме да го напуштат објекот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top