| четврток, 6 декември 2018 |

Јошка Фишер: Илузорно е да се мисли дека Британија може да има посебен статус во ЕУ

фисер

Поранешниот германски министер за надворепни работи Јошка Фишер изјави во Берлин дека е илузорни да се мисили оти Велика Британја би можела да има посебен статус во ЕУ, само затоа што е еден од поголемите вложувачи во заедничкиот буџет на Унијата.

Во интервју за Би-Би-Си, Фишер, кој важи за еден од архитектите на европската надворешна политика, го предупредува британскиот премиер Дејвид Камерон да не биде толку сигурен во подршката од германската канцеларка Ангела Меркел за британските барања за реформирање на ЕУ.

Според Фишер, Велика Британија не може да биде приоритет во германската политика, па затоа Камерон не би требало да ја загуби контролата врз она што сака да го постигне.

– Меркел не може да направи ништо што би можело да ги поткопа темелните принципи на ЕУ- вели Фишер, обаснувајќи дека за германскиот канцелар главен приоритет за решевање е постигнувањето компромис во европскта монетарна унија околу Грција и нејзините финански проблеми.

Фишер му порача на официјален Лондон да ја „спушти топката“ и јавно праша „што ќе прави Велика Британија без ЕУ?“.

– Дали тоа значи дека ќе оди во Вашингтон. Па, прашајте ги Американците, нивниот одговор (околу ова) е негативен – вели Фишер за Би-Би-Си, мислејќи на неколупати јасно изрзените предупредувања од САД до владата во Лондон, Велика Британија да остане дел од ЕУ.

Предупредувањата од поранешниот шеф на германската дипломатија, доаѓаат само една недела по средбата во Берлин меѓу канцеларот Меркел и британскиот премиер Камерон. По разговорите, Меркел рече дека ќе се обиде да се изнајде решение за британските барања за реформирање на ЕУ, како и дека Берлин не ја отфрла можноста за менување на некои одредби од Лисабонската спогодба.

Камерон ги започна разговорите со своите европски партнери околу барањето за нови преговори меѓу Лондон и Брисел, пред организирањето референдум во Велика Британија за останување или заминување од Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top