| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг: Русија не е непосредна закана за НАТО

stol

Русија не е непосредна закана за државите од НАТО, а и алијансата се надева дека  билатералните односи ќе се подобрат, изјави денеска генералниот серектар Јенс Столтенберг во интервју за Норвешкото радио.

– Точно е дека Русија пројави подготвеност да користи сила за промена на границите во Европа – додаде тој.

– Резултатот е повеќе непредвидливост, повеќе несигурност…Но, не сметам дека има непосредна закана за која и да е држава-членка на НАТО на исток – изјави Столтенберг.

Поранешниот премиер на Норвешка вели дека се надева оти односите меѓу Алијансата и Русија ќе се подобрат.

– Нашата цел е соработка со Русија. Тоа е во корист на НАТО и е во полза на Русија – нагласи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top