Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација и истакнат тренер во Белгија, Чедомир Јаневски официјално ќе биде именуван за нов тренер на белгискиот тим Мускрон. Тој постигна договор со управата на клубот во важност од една година и се очекува денеска да ѝ биде преставен на јавноста.
Јаневски по оставката од селекторското место на Македонија го презеде тимот на Монс со кого не успеа да опстане во Првата лига. Сега во Мускрон доаѓа на местото на Јохан Валем, кој следната сезона ќе биде тренер на Кортријк.
Претходно во својата кариера, 53-годишниот Чедомир Јаневски со успех ги водеше и екипите на Бриж, Гент, Црвена звезда, како и кипарските Енозис Паралимни и Етникос Ахна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
И официјално: Реал Мадрид го „шутна“ Хулен Лопетеги!
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот