| четврток, 6 декември 2018 |

Иран, Ирак и Сирија со 10-илјадна армија во заедничка офанзива против џихадистите

Iranian Armed Forces mark Sacred Defense WeekИлјадници ирачки и ирански борци ѝ доаѓаат на помош на сириската војска во одбрана на Дамаск од радикалната терористичка Исламска држава која веќе освои голем дел од Сирија и од Ирак, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Истовремено, меѓународната коалиција предводена од САД изврши 22 воздушни напади врз ИДИЛ.

Најголемиот контингент  е од ирачката армија, а се очекуваат 10 илјади војници кои ќе ѝ помогнат на сириската војска и милиција да го одбрани главниот град, пренесуваат безбедносните служби од Дамаск. Втора фаза ќе биде да се преземе градот Иср ал Шугур, влезот на средоземниот брег и покраината Хама во средиштето на Сирија.

– Следните денови светот ќе биде изненаден од тоа што е подготвено во соработка со сириската армија – посочува делот од иранските Чувари на револуцијата.

Џихадистите им нанесоа серија порази на сириските сили кои побараа помош од руските и иранските сојузници со молба да прејдат „од зборови на дела“,  пренесува сириски политички претставник. Сириските власти тврдат дека Саудиска Араија, Катар и Турција, старите непријатели на претседателот Башар ал Асад, се договориле да ги поддржат бунтовниците кои некогаш биле поделени и сега заедно ја напаѓаат сириската војска.

ИДИЛ освои над половина од територијата на Сирија и поголем дел на Ирак. Ги затвори вентилите на браната на Еуфрат и ја насочи водата во своја корист, кај борбите околу Рамади. Нивната тактика е закана со суша за јужните покраини, откако резервите на вода опаѓаат до загрижувачко ниво, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top