Од петнаесет настапи синоќа, на првото полуфинале на овогодинешниот 30. по ред „Макфест“, деветмина изведувачи продолжуваат натаму во финалето.
Одлуката за тоа кој ќе пее на финалната вечер в сабота беше поделена меѓу стручно жири, чиишто гласови изнесуваа 70% од вкупните поени, како и телефонското гласање на публиката, која учествуваше со 30%.
Во финалето овој петок ќе настапат Маја Вукиќевиќ, Евгенија Чанчалова, Огнен Здравковски, Игор Митровиќ, Јоце Панов и Зуица Лазова, Ѓоко Танески, Александра Кукушева, Виктор Апостоловски и Верица Пандиловска.
Вечерва со почеток од 20.30 часот ќе се одржи втората полуфинална вечер, кога за пласман во финале ќе се натпреваруваат уште 15 изведувачи, и тоа: Даниел Данн, Александра Михова, Александра Андова, Лена Заткоска, Панче Илиев и Иле Кикиритков, Марјан Стојановски, Бојана Атанасовска, Ивана Наумова, Ивона Јовановиќ со „Рафинерија“, Наде Талевска, Зоран Илиев, Наташа Малинкова, „Браво бенд“, Горан Наумовски и Дарко Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




