| четврток, 6 декември 2018 |

Истокот на Украина повторно гори: Сепаратистите тргнале во офанзива

ukraine_afp_685674S1Четири месеци по договорот во Минск на истокот на Украина повторно гори. Украинските служби тврдат дека руските сепаратисти од Донецк покренале голема офанзива и дека кревкото примирје е сериозно загрозено. Двете страни потврдуваат дека околу градот Маринка и во округот Донбас се водат големи борби, но и Русите и Украинците имаат своја верзија за приказната што се случува таму.

– За жал, наши војници денес беа принудени повторно да земат оружје кое мируваше со месеци. Нападот на руските терористи почна во 4 часот наутро. Покренаа голема офанзива, целосно игнорирајќи го договорот од Минск, се наведува во соопштението на украинската војска, а слична верзија имаат и мировниде набљудувачи.

Сепаратистите од Доњецк потврдуваат дека на 15 километри од градот се водат тешки борби. Сепак нивната верзија на приказната е поинаква од украинската.

– До 7.30 утрото загинаа 15 наши војници. Украинската војска гранатираше и рудник во кои останаа заробени 375 рудари. Немаат вода и ситуацијта е исклучително тешка. Погоден е и рудникот Абакумов, но за среќа во него немаше никого, се вели во соопштението на сепаратистите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top