Илјадници ирачки и ирански борци пристигнуваат на помош на сириската војска во одбрана на Дамаск од радикалните терористи на ИСИС кои освоија големи делови на Сирија и Ирак, каде што изворите на вода почнаа да се користат како оружје.
Против ИСИС се бори и меѓународната коалиција предводена од САД која во вторникот изведе 18 воздушни напади на позици на ИСИС во ирачки градови и четири воздушни напади во Сирија.
– Последните денови 7.000 ирански и ирачки борци стигнаа во Сирија и нивната прва цел е одбрана на престолнината – вели за агенцијата „Франс прес“ припадник на безбедносните служби во Дамаск.
Најголемиот контингент е ирачки, а се очекуваат вкупно 10.000 борци ќе им помогнат на сириската војска и провладините милиции во одбрана на главниот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.