| четврток, 6 декември 2018 |

Разбиена меѓународна мрежа на трговци со воено оружје во Руан

орузје

Француската жандармерија соопшти преку својот профил на Твитер дека разби меѓународна мрежа на трговци со оружје, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според првите сознанија, во акцијата се уапсени 48 лица, кои се ставени во притвор, а биле запленети и 546 парчиња оружје.

Истрагата била водена подолго од една година и беше забрзана откако едно лице, за кое се сомнева дека е шеф на мрежата беше уапсено во февруари.

Ова лице живее меѓу Франција и Луксембург и е обвинето дека продавало оружје на интернет, посебно за клиенти од странство. Станува збор за воено оружје.

Со истрагата се откриени околу 70 негови клинети, по што вчера беше извршена акција на апсење низ цела Франција. И при апсењето на наводниот шеф на мрежата било пронајдено значајно количество на оружје и муниција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top