| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Џорџ В. Буш попопуларен од Барак Обама

бус

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш во моментот е попопуларен од неговиот наследник Барак Обама, покажуваат резултатите на анкетата на Си-Ен-ЕН  објавена денеска.

Повеќе од половината Американци (52 отсто) имаат попозитивно мислење за поранешниот претседател Буш, кој беше на функција од 2001 до 2009 година, додека за Обама позитивно се изјасниле 49 проценти.

На Американците им беше потребна речиси една деценија да имаат позитивно мислење за Буш, кој додека беше на власт САД се соочија со терористичките напади на 11 септември 2001 година, а потоа покрена две војни.

Меѓу претходните претседател на САД, Американците имаа позитивно мислење и за Џорџ Х.В. Буш, татко на Џорџ В. Буш и за Бил Клинтон, за кого се изјаснија 64 отсто од испитаниците.

Резултатите од анкетата се важни и за изборите во 2016 година бидејќи двете семејства би можеле да имаат претседателски кандидати – Хилари Клинтон е водечки кандидат на демократите, додека Џеб Буш, син и брат на двајцата поранешни претседатели, би можел да биде кандидат на републиканците.

Со анкетата се испитани 1.025 Американци и можна е грешка од три отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top