Од утре ќе почнат да работат одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“, соопшти Град Скопје.
Сите заинтересирани ученици, граѓани, спортски клубови и здруженија на граѓани, можат бесплатно да спортуваат и да се рекреираат на одбојкарското и на ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“.
Спортските терени ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден од 10 до 24 часот. Терминот за бесплатно користење е со времетраење од еден час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.