Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги денеска повика за стабилен договор меѓу Атина и кредиторите, со цел да се гарантира задржување на Грција во еврозоната.- Управниот совет на ЕЦБ сака Грција да остане во еврозоната. Сепак треба да има силен договор, а силен договор е тој што предвидува раст, вклучува социјална правда и е фискално одржлив- изјави на прес конференција Драги, пренесува ДПА.
Во овој момент преговорите напредуваат, нагласи претседателот на ЕЦБ, без да објави повеќе детали за какви и да било компромиси. Драги потврди дека грчката влада и кредиторите претставил предлози за постигнување на договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција