| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Татко“ во конкуренција за главната награда на 50. Интернационален фестивал во Карлови Вари

Играниот филм „Татко“ на Висар Морина ќе се натпреварува за главната награда Кристален глобус на 50. Интернационален филмски фестивал во Карлови Вари.

„Татко“ ја раскажува приказната на десетгодишниот Нори и неговиот татко Гзим кои за живот заработуваат продавајќи цигари во предвоено Косово во деведесеттите години на минатиот век.

film-snimanje

 

Гзим сакајќи да избега од минатото, планира да го напушти Косово без својот син, а момчето ќе стори сѐ за да го спречи својот татко во оваа намера. Се случува несреќа. Шокираниот Гзим го носи Нори во болница, по што едноставно исчезнува. Лут, но цврсто одлучен Нори тргнува на опасно патување за да го најде Гзим, кој бега во Германија. Со упорност каква што само дете може да има, тој се спротивставува на својот татко, на кого не може да му прости за тоа што го напуштил.

„Татко“ е дебитантски игран филм на Висар Морина, кој е и автор на сценариото. Филмот е копродукција меѓу „Нико Филм“ од Германија, „Продуксиони Круша“ од Косово, „Скопје Филм Студио“ од Македонија и „Окс Вивес“ од Франција, а беше поддржан од неколку национални филсми фондови, меѓу кои и Агенцијата за филм на Македонија.

Дел од сцените на филмот се снимени во Македонија, на крајбрежјето на Охридското езеро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top