| четврток, 6 декември 2018 |

Поп љубовџија изеде ќотек во црквата на Петар од Австралија

Обидот за љубовна авантура на свештеникот Васко Каранфиловски од Црквата „Свети Никола“ во Перт, која е под јурисдикција на Владиката г. Петар, завршил со ќотек.

Настанот, кој е топ тема меѓу Македонците во овој град од австралискиот континент, се случил пред две недели.

Во доцните часови свештеникот бил во домот на една Македонка, која како вдовица сама живеела откако починал нејзиниот сопруг. Револтиран од дрскоста на свештеникот, за кој меѓу Македонците се зборува дека тоа не му бил прв случај, роднина на вдовицата го начекал попот и физички се пресметал со него.

Настанот за „Прес24“ го потврди лично Живко Наумчевски, човекот кој го истепал попот љубовџија. Наумчевски само ја раскажа случката, без притоа дополнително да навлегува во случајот.

Го видов како излегува од куќата. Му пријдов и му реков како не ти е срам. И му удрив две шлаканици. Потоа ги известив во Црквата – вели за „Прес24“, Наумчевски.

slika1

Со цел да се избегне поголема драма, Владиката Петар веднаш го повлекол свештеникот љубовџија и на негово место испратил поп од Мелбурн. Но, како што велат тамошните Македонци и тој не е без дамка.

Свештеникот Мирко Пешевски од Мелбурн, кој сега е свештеник на местото на љубовџијата, пред 20 години бил исто така во фокусот на тамошната јавност. Бил пријавен, а потоа ослободен од обвинение за кражба во вредност од пет долари.

За тогашните настани пишувале и локалните весници. Во судскиот процес, попот Пешевски ја признал вината дека украл три алати од продавница за железарија и бидејќи тоа му било прво дело, судијата го ослободил од казна.

Верниците во Перт со потсмев зборуваат за состојбата во нивната Црква и на шега се прашуваат чиј срам е поголем.

Мислам дека многу помал срам е свештеникот љубовџија, во споредба со свештеникот „лопов до 5 долари, вели Зоран Македонец од Перт Австралија.

Инаку, покрај овие два случаи, минатата година Врховниот Суд на федералната австралиска држава Нов Јужен Велз донесе пресуда против владиката Петар и неговиот Архиерејски намесник, попот Митко Митрев, во нивната граѓанска тужба против црковната општина Св. Петка од Рокдејл, откако заклучи дека тужбата ја воделе врз основа на лажни сведоштва и фалсификувани докази од страна на попот Митрев.  Јавното обвинителство сеуште разгледува дали да покрене посебно кривично обвинение против попот Митко Митрев за лажно сведочење, што може да предизвика и затворска казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top