| четврток, 6 декември 2018 |

Четвртиот дел од „50 нијанси“ излегува на 18 јуни

Е.Л.Џејмс, авторката на плантарниот книжевен феномен „50 нијанси“, се враќа со ново, четврто продолжение на популарниот еротски серијал.

50-nijansi-kniga

Книгата под наслов „Grey“ (Сива), ќе биде објавена на 18 јуни, соопштија од издавачката куќа Винтиџ Букс.

Овој пат приказната е раскажана од „машки агол“ односно зборува за милијардерот Кристијан Греј, чија жешка романса со младата Анастазија Стил стана опсесија од меѓународни размери.

Британската писателка наведе дека новата книга е посветена на читателите  кои ја „молеле и молеле и молеле“ да го напише романот каде наратор ќе биде Кристијан.

Од издавањето на првиот роман во 2011 година, трилогијата „50 нијанси“ продадена е во повеќе од 125 милиони примероци и ги собори рекордите во продажба, како на печатени така и на електронски изданија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top