| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајот на патот Кичево – Охрид еден час во прекин поради минирање

ekonomija-patista-51-1Од 16 до 17 часот ќе биде во прекин сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид поради изведување градежни работи, минирање кај месноста Лавчанско речиште, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top