Политичките партии постигнаа договор со кој кризата во државата влегува во завршна фаза. Денешната лидерска средба со еврокомесарот Јоханес Хан меѓу власта и опозицијата резултираше со потпишан договор за парламентарни избори во април, како и временска рамка до кога треба да се договорат модалитети кои ќе допринесат за враќање на довербата на дел од политичките партии во изборниот процес. Потпис на тој договор ќе биде ставен во Брисел на 10 јуни.
Денешниот договор всушност го отвори и исчекорот во евроинтеграциите, посочи еврокомесарот Хан кој денешната средба ја оцени како интензивна и конструктивна .
-Имавме интензивни и конструктивни преговори. Евроатланската агенда е важна и приоритет за сите. Важно е да се реши кризата за да се задржи препораката од ЕУ. Договоривме до крајот на април идната година да се одржат предвремени избори, но важно е земјата претходно да се подготви во смисла на изборниот законик и ревизија на избирачкиот список, како и да се задржи понатамошното спроведување на сите препораки на ЕУ. Беше договорено да се примени методологија која вообичаено ја користиме за преговори за поглавјата 23 и 24, а се работи за владеење на правото, независност на судството, слобода на медиумите. Сето ова ќе придонесе државата да се модернизира- истакна Хан.
Според дипломатски извори се дознава дека по тој датум опозицијата ќе се врати во парламентарните клупи и ќе се стави крај на објавување на нелегално снимените и дополнително креирани телефонски разговори. Во документот на кој стои и потписот на Зоран Заев не се наведени термините преодна, техничка или било каква измена во извршната власт, додаваат истите извори.
Средбата почна околу 9 часот во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ, на почетокот со лидерите на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев, а подоцна се приклучија и лидерите на ДУИ, Али Ахмети, и на ДПА, Мендух Тачи, евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер


