Полицаец и агент на ФБИ во американскиот град Бостон застрелаа маж, за кој се сомнева дека бил под влијание на групата „Исламска држава“ и дека претставувал закана за општеството, јави телевизијата Ен-Би-Си.
Според телевизијата неименуван 20-годишен маж бил набљудуван од ФБИ и бил под истрага за можни врски со ИД. Тој бил осомничен дека посетува интернет страници со содржини со екстремистички карактер, како и дека бил активен корисник на социјални мрежи преку кои ИД врши пропаганда.
Кога полицаецот и агентот на ФБИ денеска се обиделе да се доближат до осомничениот во еден од квартовите на Бостон, мажот извадил нож и почнал да се однесува агресивно, игнорирајќи го повикот да го фрли оружјето. Претставниците на редот биле принудени да отворат оган, по што мажот бил убиен, наведува Ен-Би-Си.
За случајот е отворена истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



