Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга на домашен терен го победи Кеи Нишикори во маратонскиот меч попладнево во Париз, со што стана вториот полуфиналнист на Ролан Гарос, каде следно ќе игра против Станислас Вавринка.
Цонга водеше со 2-0 во сетови, но Јапонецот се поврати во третиот и четвртиот сет, па победникот се решаваше дури во петтиот сет и резултат од совладувајќи го Јапонецот со со 6-1, 6-4, 4-6, 3-6 и 6-3.
Натпреварот траеше нешто повеќе од пет часа, но беше во прекин 40-ина минути поради инцидентот кога падна дел од конструкцијата на семафарот врз преполната трибина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



