Претседателот на ФИФА Сеп Блатер не го издржа притисокот. По само неколку дена од неговиот реизбор на 65.конгрес на ФИФА за прв човек на светскиот фудбал, контраверзниот Блатер си поднесе оставка.
– Ќе свикам вонреден конгрес на кој ќе се избере мојот наследник. Јас нема да се кандидирам на тој избор и се повлекувам од функцијата прв човек на ФИФА – пишува во краткото соопштение на Швајцарецот.
По ваквот развој на настаните се чини дека УЕФА која беше против изборот на Блатер за претседател извојува победа во намерите да го смени првиот човек на ФИФА.
Претседателот на УЕФА Мишел Платини од поодамна го повика Швајцарецот да поднесе оставка, чија функција и тоа како беше ставена под знак прашалник поради големите скандали поврзани со мито и корупција кои ја стресоа ФИФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.