Канцеларијата на поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ пред неколку денови добила пратка со сомнителен прав, потврди денеска полицијата во Загреб, која сè уште го истражува случајот, јавува „Хина“.
Сомнителната содржина на пратката е испратена е на испитување во Заводот за јавно здравство и се очекуваат резултатите.
Случајот со сомнителната пратка е пријавен в полиција на 28 мај.
Канцеларијата на поранешниот претседател краток период беше затворена за време на земањето на сомнителната материја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.