Најмалку 2.330 луѓе починаа во топлотниот бран што ја погодин Индија, а во некои градови е измерена температура и до 48 Целзиусови степени.
Од горештините најпогодена е индиската сојузна држава Андра Прадеш, каде што во последните 24 часа починаа 42 лица, со што бројот на жртви се искачи на 1.719, изјави директорот на државната Институција за управување со катастрофи.
Во соседната држава Телангана починаа најмалку 585 лица, додека во Одиш се забележани 26 смртни случаи.
Највисоката температура од 45,4 Целзиусови степени вчера е измерена во Далтонгану во државата Џарканд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



