Кинеските спасувачки служби во отежнати временски услови трагаат по повеќе од 400 возрасни кинески туристи, кои исчезнаа по бродската несреќа во реката Јангце, јавува БТА.
Нуркачите и другите спасувачи при пороен дожд и силниот ветер се обидуваат да стигнат до пет лица кои се наоѓаат во превртениот брод. Досега се спасени околу 15 луѓе и извлечени се пет тела. Судбината на повеќе од 430 луѓе е непозната.
Туристички брод во кој се наоѓале 458 патници и членови на екипажот синоќа потона во реката Јангце во јужиот дел на Кина. На местото на несреќата, најголемата кинеска река Јангце била длабока 15 метри.
Според кинеските власти, сите лица присутни на бродот „Донгфангжиксинг“ („Ѕвезда на истокот“), односно 406-те патници, 47-те членови на екипажот и петмината претставници на туристичката агенција организатор на патувањето, се државјани на Кина.
Бродот пловел од градот Нанџинг кон Чонгчинг, место во југозападниот дел на Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



