Грција на кредиторите им испрати детален предлог со реформи, соопшти денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас и ги повика европските лидери да го прифатат планот за да биде склучен долгоочекуваниот договор, јави дописникот на МИА од Атина.
– Грчката Влада преговара со план и стратегија и поднесе конкретни предлози. Дилемата сега е кај раководството на Европа. Преговараме со план и стратегија во тешки услови… Грција излезе со предлози, направивме отстапки – што е нормална практика во преговори, но поднесовме реален план за излез на земјата од кризата- рече Ципрас.
Според него, „исходот од преговорите ќе го означи крајот на поделбата на Европа“. Тој истакна дека „сега е јасно дека одлуката за тоа дали тие сакаат да се приспособат на реализам и за излез од кризата без поделба на Европа им припаѓа на европските лидери“.
– Тоа не е само грчки проблем, тоа е европски и глобален проблем. Дилемата е меѓу реална опција за излез и поделба на Европа. Владата се движи со план и одлучност, и врз основа на огромното мнозинство на грчкиот народ, кој сака решение и не сака земјата да се врати на претходниот период на меморандуми – рече Ципрас.
Европските лидери и шефот на Меѓународниот монетарен фонд синоќа во Берлин одржаа вонреден состанок на кој разговараа за начините како да се избегне банкрот на Грција и се согласија да се интензивираат разговорите за судбината на земјата. Според извори запознаени со содржината на состанокот, целта на средбата била да се состави понуда која Грција може да ја разгледа во наредните денови.
Некои светски медиуми, од кои повеќето германски, денеска јавија дека до Атина е испратен нацрт-договор, кој всушност претставува конечен предлог од страна на кредиторите. Грчката Влада демантира дека добила предлог-договор од страна на кредиторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција