| четврток, 6 декември 2018 |

Валенсија се вклучува во борбата за потписот на Џексон Мартинез

Откако избори пласман во квалификациите за Лигата на шампионите, шпанската екипа Валенсија сака сериозно да го засили тимот и тоа во напаѓачката линија. Изборот на управата паднал на одличниот колумбиски напаѓач од редовите на Порто, Џексон Мартинез.
Мартинез игра во фантастична форма во редовите на Порто веќе неколку години и затоа цената за откуп и не е така мала и изнесува 35 милиони евра, колку што стои во клаузулата од неговиот договор со клубот од Португалија.

Валенсија сака да делува побрзо и да го откупи договорот бидејќи за овој играч сериозно се заинтересирани и Арсенал и Милан, кои веќе ги почнале преговорите со Порто.

Управата на „лилјаците“ е подготвена да му понуди договор на четири сезони и годишна плата од 3,5 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top