Дури 13.074 гласачи во Скопје што го оствариле своето право на глас гласале неправилно. Неважечки се 4,69 проценти од 278.661 гласачко ливче. Главно, во скопските општини е највисок процентот на гласачки ливчиња кои според Државната изборна комисија се неважечки. Во Гази Баба процентот на неважечки гласачки ливчиња е највисок – 6 проценти или 2.322 од 37.610 ливчиња не се правилно заокружени. Во Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Илинден, Шуто Оризари процентот на неважечки ливчиња се движи од 5 до 6 проценти. Во Кисела Вода 1.802 гласачи од 33.393 што го оствариле своето право неправилно, во Бутел 525 од 9.880 кои ја исполните законската обврска, а во Ѓорче Петров 1.162 од 23.323 ливчиња се неважечки.
Висок е и процентот на неважечки ливчиња во скопските општини Аеродром и Центар. Во Аеродром 4,69 проценти или 2.133 од вкупно 42.929 ливчиња се неважечки, а во Центар 1.231 од 25.243 гласачки ливчиња или 4,9 проценти.
Виница, Делчево, Карбинци, Кратово, Кочани, Кривогаштани, Македонски Брод, исто така, се општини каде што повеќе од пет проценти од гласачките ливчиња се неважечки. Во Валандово, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Македонска Каменица, Свети Николе, Радовиш, Сопиште, Штип, Битола, Теарце процентот на неважечки ливчиња е од 4 до 5 проценти.
Струга е меѓу општините со најмал процент на неважечки гласачки ливчиња. Само за 280 од 35.545 гласачки ливчиња ДИК донел одлука дека се неважечки. И во Кичево е ниска бројката на неважечки гласачки ливчиња – 425 од 32.996 или 1,3 проценти.
Во Центар Жупа има само 25 неважечки ливчиња од вкупно 3.586 или 0,7 проценти. Во Арачиново се неважечки само 55 од 5.250 ливчиња или 1,05 проценти. Желино, Липково, Студеничани имаат по 1,6 процент неважечки гласачки ливчиња, а Ново Село и Брвеница по 1,8 процент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


