| четврток, 6 декември 2018 |

Кејтлин Џенер го престигна и Барак Обама

До неодамна познат како Брус Џенер (65), Кејтлин Џенер за само четири часа и три минути собра милион следбеници на социјалната мрежа „Твитер“.

CGbXO72U8AA-Vc_

Рекордот пред неа беше на американскиот претседател Барак Обама (53), кој милион следбеници на „Твитер“ имаше за четири часа и 52 минути откако се придружи на оваа социјална мрежа.

Џенер ги победи Џастин Бибер, Тејлор Свифт и многу други ѕвезди.

Џенер вчера  на насловната страница на „Венити фер“ го претстави својот нов идентитет.

– Толку сум среќна што по долга борба го живеам живтот како што јас сакам. Добре дојдовте во светот на Кејтлин. Не можам да дочекам да ја запознаете – е пораката која таа ја испиша на „Твитер“.

Кејтлин има поддршка од многу ѕвезди, а на храброста лично ѝ честита Обама.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top