| четврток, 6 декември 2018 |

Ирак незадоволен од меѓународната поддршка против џихадистите

Haider-Al-AbadiИрачкиот премиер Хајдар Абади денеска во Париз изјави дека Ирак се соочува со недостиг на поддршка од сојузниците од меѓународната заедница во неговата борба против бунтовниците од џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Абади нагласи дека коалициските партнери не им доставиле на ирачките сили „доволен број разузнувачки податоци“ што ги добиле од воздушното извидување на теренот, за тие да можат да го запрат напредувањето на припадниците на ИД.

Според Абади, земјите од меѓународната коалиција во исто време не им пружаат на ирачките сили ниту „доволна поддршка“ во копнените операции.

– Воздушната поддршка не доволна. Исто така евидентиравме и недоволно воздушно извидување, изјави Абади.

Абади потенцира дека ИД е мобилна група, чии припадници се движат во мали групи и затоа е потребно засилено извидување на теренот.

– Тоа што се прави (сега) не е доволно, нагласи Абади  пред почетокот на меѓународната конференција во Париз посветена на утврдување стратегија за борбата против радикалните групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top