Различностите на европската култура преку филм и вкусна храна ќе бидат претставени во престојните пет недели почнувајќи од петти јуни во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје.
Секој петок од 20 часот во „Рамстор Мол“ на првиот кат во делот за брза храна, бесплатно ќе биде проектиран автентичен европски филм во соработка со амбасадите на соодветните земји во Македонија. Проекцијата почнува на петти јуни со италијанскиот филм „Добре дојдовте, претседателе“, потоа на 12 јуни ќе биде емитуван турскиот филм „Љубов на друг јазик“, на 19 јуни е полскиот „Џек Стронг“, на 26 јуни е македонскиот „Скопје ремикс“, а ревијата завршува на трети јули со шведскиот филм „Не плачи“.
За време на проекциите, посетителите на трговскиот центар „Рамстор“ покрај филмот, ќе уживаат и во специјално приготвените мениа во делот за брза храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура



