Вечерва на сцената на Македонскиот народен театар (20 часот) гостува Унгарскиот национален театар од Будимпешта со претставата „Сон на летната ноќ“ во рамките на вториот МНТ-Фест.
Една од најпознатите драми на Шекспир зборува за необичната врска помеѓу сонот и јавето. Најчесто се игра како лесна и весела бајка во која се испреплетуваат комични елементи и експлицитна сексуалност. Маѓепсани од љубовта и љубоморните богови, ликовите талкаат низ шумата, но на крајот сите си го наоѓаат својот партнер.
Според грузискиот режисер Давид Доjашвили, ова толкување се однесува само на површинскиот текст и не го опфаќа подлабокото значење на драмата. Остриот хумор и лежерното расположение играат важна улога во претставата на Националниот театар од Унгарија, но тоа важи само кога е присутна моќната драма на променливите чувства, желби и разочарувања, т.е. темната страна на човекот.
За претставата е обезбеден превод на македонски јазик, а билетите чинат 200 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Никој не погледна во својот мобилен телефон додека траеше „Сон на летната ноќ“ на Иван Поповски во МНТ
-
Најдобрата претстава во Русија „Сон на летната ноќ“ вечерва во МНТ на Фестивалот „Иван се враќа дома“
-
„Сон на летната ноќ“ премиерно на „Охридско лето“
-
Иван Поповски: Имам многу трема пред Фестивалот „Иван се враќа дома“





