| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер: Местото на Унгарија не е во ЕУ, ако земјата воведе смртна казна

Претседателот на Европската комисија Жан ­Клод Јункер, денеска зазема остар став кон Унгарија, изјавувајќи дека оваа земја би можела да биде исфрлена од Европската унија ако продолжи да се залага за воведување на смртната казна. ­

– Ако Унгарија сака да воведе смртна казна, тоа ќе биде доволна причина да се разделиме. Причина за развод. Едно од моите политички убедувања е дека смртната казна не треба да постои. За било кој што воведува смртна казна нема место во Европската унија, истакна Јункер.

Виктор Орбан изминатиот период има затегнати односи со лидерите на ЕУ поради неговите блиски врски со Русија. Унгарија ја укина смртната казна како еден од условите за влез во ЕУ во 2004 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top