| четврток, 6 декември 2018 |

Реставрација на легендарниот автобус од филмот „Кој тоа таму пее“

Реставрација на автобусот од култниот филм „Кој тоа таму пее“ почна во просториите на загребскиот Јадран филм, на по темелната реконструкција и враќање на автобусот во состојба каква што беше за време на снимањето во 1980 година се планира турнеа по државите на поранешна Југославија.

koj toa

 

Претседателот на Управниот одбор на Јадран филм, Винка Грубишиќ, координатор на проектот за обнова на автобусот Мередес од 40-­тите години на минатиот век, постои голем интерес во јавноста, а инвеститорите се заинтересираните за реконструкција, изнајмување и турнеа, а меѓу нив е голема фабрика која работи во Хрватска и во соседните земји. ­

– Направивме план за реконструкција и планираме да го ставиме на тркала и да се вози за турнеи по земјите од регионот. Целото име на тој проект не можеме да го откриеме, но насловот му почнува со „Кој нас…“, истакна Грубишиќ, наведувајќи дека турнејата би можела да почне на завршувањето на летните одмори.

Во тој проект, според неговите зборови, ќе учествуваат големи имиња од Хрватска и соседните земји која се уште не може да се откријат.

Освен турнеите по земјите на поранешна Југославија во план е изведување на автобусот на загребските улици, секако по темелната реконструкција и добивање регистрација под посебен договор. ­

– Нашиот автобус е како „шатл“ која од ценатрот на Загреб посетителите ќе ги вози на филмски проекции и случувања во кино клубот Јадран филм, рече Грубишиќ.

Филмот „Кој тоа таму пее“ е апсурдна комедија од 1980 година во режија на Слободан Шијан. Тоа е повеќеслојна приказна за трагикомични непријатности на патниците во дотраениот автобус што во почетокот на војната во 1941 година од српска провинција вози кон Белград, но и скриена алегорија за малограѓанското лицемерие во моменти на социјална криза. Во „Кој тоа таму пее“ глумеаа актерите Павле Вуисиќ, Данило Бата Стојковиќ, Драган Николиќ, Неда Арнериќ и со текот на времето стекна култна репутација и денес се смета за еден од најдобрите српски, но и филмови од поранешна Југославија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top