Поранешниот француски претседател Никола Саркози ја доби првата битка по враќањето на политичката сцена по поразот во 2012 година. Тој викендот формира новата партија на десницата „Лес Републикан“ (Републиканци) или скратено ЛР, наместо досегашната УМП. Но партијата иако е нова и создадена со цел да ги обедини сите струења во поранешната УМП, очигледно не успеа да го постигне очекуваното, јави дописникот на МИА од Париз.
Две години пред претседатслките избори во 2017 година и една година пред примарните-внатрешно партиски избори во ЛР, Саркози успеа само во едно, да го смени името на партијата и да покаже дека тој е вистинскиот лидер на партијата.
УМП преименуван во Републиканци, голема десничарска партија во која треба да се најдат голистите и добар дел на центристите е подготвена за изборните битки, првата ќе биде оваа есен за регионалните избори. Победата на департмаските избори и перспективите за победа на идните избори на есен, им даваат надеж на членството и функционерите на партијата дека набрзо таа ќе владее со Франција, а можеби повторно ќе го врати Никола Саркози во Елисејската палата. Единствената непозната се судските и финансиските афери кои и понатаму се дел од пречките на Саркози на патот кон Елисејската палата.
Нападите кои тој ги испрати викендов на сметка на социјалситите и неговиот директен противник Франсоа Оланд, сведочат на неговата желба директно повторно да ги одмери силите со тој кој му го зеде местото во Елисејската палата. Говорот на Саркози преплетен со многу лиризми и на границите на говорот со тој на лидерката на Националниот Фронт, е со цел да ги мобилизра своите трупи и тие кои се свртија кон крајната десница. Неговиот нов речник одговара на актуелниот амбиент во Франција на страв од ставање во прашање на републиканските институции од глобализацијата и мултикултуризмот кој е се помалку прифаќан во земјата на „човековите права“.
Никола Саркози со контролата на најсилната политичка партија на опозицијата, се стави на најповолната појдовна позиција на стартната листа на десницата, наспроти енговите ривали. На прво место Алан Жупе и Франсоа Фијон, двата исвиркани изминатиов викенд од симпатизерите на Никола Саркози.
Блиските на Жупе и Фијон, кои се кандидати за претседателски кандидат на Републиканците (ЛР) во 2017 година, забележуваат дека кога нивните лидери зборуваа, озвучувањето беше послабо, намерно биле променети другите говорници за да се намали дострелот на нивниот говор, погрешни бројки за присутните на митингот, 20.000 според организаторите, 10.000 според противниците итн.
Но, кога еден од блиските на Бруно Ле Мер коменира дека промената на името на партијата не значи дека поранешниот претседател го сменил и својот карактер. Но, тоа што најмноги ги погоди нивните симпатизери се свирежите и млаките аплузи по говорите на трибината.
Потврда дека единството во партијата Републиканци (ЛР) ќе биде тешко да се одржи е коментарот и на Натали Косциуко-Моризе, за која тоа што се случи на митингот е пропуст и тоа е повторна појава на поранешната партија, Републиакнсците не би требало да бидат тоа.
И самиот Жупе во февруари изрази жалење за „сектаризмот на некои“ членови на партијата, поради фактот дека движењето кое беше лансирано од Саркози, и кое требаше да ги обединува сите, сега се сведува само на приврзаници на стариот претседател.
Саркози не е наивен и тој добро знае дека мора да смета на своите внатрешни ривали, без чија помош не ќе може да се врати на власт или да стави некој од нив на највисоката фукнција, бидејќи за разлика од него, на пример Алан Жупе е личност која добива симпатии и надвор од партијата ЛР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.