| четврток, 6 декември 2018 |

Гасот како дипломатско оружје

Не за­пи­ра­ат ко­мен­та­ри­те де­ка зем­ни­от гас, ка­ко дел од енер­гет­ски­те из­во­ри на де­неш­ни­ца­ва, ста­ну­ва по­е­фи­ка­сен од ста­ро­мод­на­та дип­ло­ма­ти­ја, по­брз од нај­со­вре­ме­но­то оруж­је и пов­ли­ја­те­лен од нај­го­ле­ми­те свет­ски по­ли­тич­ки умо­ви. Ру­ски­от гас, кој ла­ни оста­ви ед­на че­твр­ти­на од Евро­па да стра­ву­ва да­ли ќе мо­же да ја про­тур­ка зи­ма­та ако Кремљ ги за­пре вен­ти­ли­те во Укра­и­на, ка­ко ни­ко­гаш прет­ход­но ста­на ору­дие за ос­тва­ру­ва­ње ге­о­стра­те­ги­ски це­ли. Хе­ми­ска­та суп­стан­ци­ја во нај­го­лем дел со­ста­ве­на од га­сот ме­тан, а кој во при­ро­да­та се на­о­ѓа по­крај на­фте­ни на­о­ѓа­ли­шта, се пре­тво­ри во глав­на те­ма и оруж­је во спо­рот За­пад - Исток на европ­ско тло

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Од­лу­ка­та на ру­ски­от пре­тсе­да­тел, Вла­ди­мир Пу­тин, да ја за­ме­ни тра­са­та на про­пад­на­ти­от про­ект „Ју­жен тек“ со но­ва тра­са, ко­ја ќе ја за­о­би­ко­ли Бу­га­ри­ја и во игра ќе ги ста­ви Гр­ци­ја, Ма­ке­до­ни­ја и Ср­би­ја ка­ко глав­ни транс­порт­ни точ­ки на па­тот до Ун­га­ри­ја и до Ав­стри­ја, ги пре­диз­ви­ка нај­го­ле­ми­те тур­бу­лен­ции на Бал­ка­нот од па­дот на Сло­бо­дан Ми­ло­ше­виќ и соз­да­ва­ње­то на не­за­вис­но Ко­со­во. По­тен­ци­ја­лот на овој стра­те­ги­ски биз­нис-про­ект е мно­гу по­го­лем од акту­ел­ни­от, и во енер­гет­ска и во по­ли­тич­ко-без­бед­нос­на смис­ла. И во по­зи­тив­на и во не­га­тив­на ко­но­та­ци­ја.  И Ру­си­ја и зем­ји­те што се по­тен­ци­јал­ни учес­нич­ки има­ат свои при­чи­ни се­ри­оз­но да го разг­ле­да­ат про­е­ктот „Тур­ски тек“ или, пак, да го иско­ри­стат ка­ко ала­тка за спро­ве­ду­ва­ње на­ци­о­нал­ни це­ли.

 

kolumna143-3

Што до­би­ва Ру­си­ја, а што до­би­ва­ат  Бал­кан­ци­те со „Тур­ски тек“

Со евен­ту­ал­на­та из­град­ба на „Тур­ски тек“, Ру­си­ја ја из­бег­ну­ва укра­ин­ска­та бло­ка­да за ди­стри­бу­ци­ја на сво­јот енер­гент. За раз­ли­ка од вла­ди­те во Ки­ев, кои во нај­ло­шо сце­на­рио мо­жат да од­лу­чат да ги свр­тат вен­ти­ли­те на га­со­во­дот до­кол­ку поч­не кла­сич­на вој­на ме­ѓу две­те зем­ји, Мос­ква ве­ру­ва де­ка Ан­ка­ра, Ати­на, Скоп­је и Бел­град се да­ле­ку по­без­бед­ни во тој кон­текст. Освен што си соз­да­ва ал­тер­на­ти­ва за транс­порт на сво­јот гас, Мос­ква на зем­ји­те пре­ку ко­и­што тре­ба да ми­не но­ви­от га­со­вод им да­ва моќ­но оруж­је, со кое ќе мо­жат да би­дат по­не­за­вис­ни од за­пад­ни­те парт­не­ри, а во исто вре­ме соз­да­ва при­чи­на за сво­ја по­го­ле­ма ин­вол­ви­ра­ност во ре­ги­о­нот кој 25 го­ди­ни по па­дот на бер­лин­ски­от ѕид сè уште не мо­же да се ста­би­ли­зи­ра це­лос­но. Ру­си­ја со овој про­ект и за­ште­ду­ва за­тоа што го­лем дел од га­со­во­дот е на дно­то на Цр­но Мо­ре, со што не­ма да се гу­бат па­ри за го­лем дел од ди­стри­бу­тив­ни­те та­кси.

Тур­ци­ја, по­крај ае­ро­дро­мот во Ин­џир­лик, со ру­ска­та по­ну­да до­би­ва уште еден си­лен ар­гу­мент во пре­го­во­ри­те за со­ра­бо­тка со ЕУ и со НА­ТО. Со ру­ски­от пред­лог Ан­ка­ра до­би­ва ста­тус на ап­со­лу­тен гос­по­дар на европ­ска­та енер­гет­ска ид­ни­на. Тој ста­тус и по­ра­но бе­ше акту­е­лен за Ан­ка­ра за­тоа што ре­чи­си си­те дру­ги ру­ти пре­ку кои тре­ба да до­а­ѓа енер­ги­ја во ЕУ мо­ра да ми­нат пре­ку тур­ско тло, но се­га Тур­ци­ја до­би­ва го­тов про­ект, за кој не се по­треб­ни го­ле­ми па­ри за­тоа што „Газ­пром“ ќе ги до­не­се це­вки­те на тур­ско тло, а до­пол­ни­тел­но вла­да­та на Ер­до­ган ќе до­би­ва огром­ни па­ри од ди­стри­бу­тив­ни та­кси. Од­ло­жу­вај­ќи го про­е­ктот за по 2017 го­ди­на, Тур­ци­ја си да­де до­во­лен пер­и­од за да пре­го­ва­ра со сво­и­те за­пад­ни парт­не­ри за те­ми ка­ко чо­ве­ко­ви пра­ва и ме­ди­у­ми, курд­ско­то пра­ша­ње, Ки­пар, од­но­сот со Гр­ци­ја во Сре­до­зем­је­то и дру­ги те­ми за кои по­сто­ја­но до­би­ва кри­ти­ки од прет­став­ни­ци на ЕУ и на НА­ТО. Во ме­ѓу­вре­ме, мож­на е и опе­ра­ци­о­на­ли­за­ци­ја на два­та про­е­кта  ТАП и ТА­НАП. Ед­ни­от тре­ба да но­си гас кон ЕУ од тур­ско-грч­ка­та гра­ни­ца пре­ку Ал­ба­ни­ја и Ита­ли­ја, а дру­ги­от да но­си кас­пи­ски гас од Азер­беј­џан пре­ку це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Тур­ци­ја до гра­ни­ца­та со Гр­ци­ја.

Гр­ци­ја, ко­ја од 2010 го­ди­на е на раб на фи­нан­си­ски ко­лапс и др­жа­вен бан­крот, со про­е­ктот „Тур­ски тек“ до­би­ва зна­ча­ен ар­гу­мент во оби­дот да до­бие под­др­шка од за­пад­ни­те парт­не­ри за сво­и­те пла­но­ви. По­крај за­ка­на­та де­ка со сте­ча­јот на Гр­ци­ја и из­ле­зот од евро­зо­на­та ќе се слу­чи де­бакл на евро­то, оваа зем­ја се­га мо­же во сво­јот до­бро поз­нат ма­нир да се па­за­ри за по­мо­шта од ЕУ, а за воз­врат да не ѝ се при­дру­жи на Мос­ква во неј­зи­ни­те пла­но­ви. Аме­ри­кан­ски­от пра­те­ник Амос Хох­штајн, за ко­го грч­ки­от ми­ни­стер Ла­фа­за­нис ве­ќе из­ја­ви де­ка го убе­ду­вал да не се под­др­жу­ва „Тур­ски тек“, ве­ќе ве­тил пра­ктич­на по­мош за грч­ка­та под­др­шка на Тран­са­дри­а­тик га­со­во­дот (ТАП).

 

Укра­и­на во 2010 го­ди­на нап­ла­ти­ла 3 ми­ли­јар­ди до­ла­ри за ди­стри­бу­ци­ја на ру­ски­от гас

Спо­ред со­вет­ник за енер­ге­ти­ка на укра­ин­ски­от екс­пре­тсе­да­тел Ја­ну­ко­вич, во 2010 го­ди­на са­мо од та­кси­те за ди­стри­бу­ци­ја на га­сот до дру­ги зем­ји Ки­ев нап­ла­ту­вал над 3 ми­ли­јар­ди евра го­диш­но. Иа­ко го­лем про­цент од тие па­ри одат за тро­шо­ци за пум­пи­те што го тур­ка­ат га­сот кон крај­ни­те по­тро­шу­ва­чи, се ра­бо­ти за огром­на су­ма ко­ја е до­бре­дој­де­на за се­ко­ја зем­ја. Иа­ко сѐ уште не­ма пре­циз­на оцен­ка кол­ку би зе­ма­ла се­ко­ја од зем­ји­те на па­тот на „Тур­ски тек“, си­гур­но е де­ка по­крај тоа што ќе до­би­ва­ат по­е­вти­ни енер­ген­ти за 30 про­цен­ти од се­гаш­на­та це­на, тие ќе де­лат сто­ти­ци ми­ли­о­ни евра при­ход од ди­стри­бу­тив­ни­те та­кси се­ко­ја го­ди­на.

 

И из­ја­ви­те на срп­ски­от пре­тсе­да­тел Ни­ко­лиќ, кој пр­во ре­че де­ка Ср­би­ја не е за­ин­те­ре­си­ра­на за „Тур­ски тек“, а по 24 ча­са по­ра­ча де­ка тре­ба да се ви­дат си­те де­та­ли пред да се до­не­се ко­неч­на од­лу­ка, по­ка­жу­ва­ат де­ка да­ле­ку од јав­но­ста се­ко­ја од ин­вол­ви­ра­ни­те зем­ји во­ди те­шки пре­го­во­ри и тр­го­ви­ја. Ед­на од це­ли­те на срп­ска­та тр­го­ви­ја е по­бр­зи пре­го­во­ри со ЕУ, при што не би се заг­ла­ву­ва­ло на пог­лав­ја за кои Бел­град знае де­ка не мо­же да ги ми­не без прог­ле­ду­ва­ње низ пр­сти. Зго­ле­му­ва­ње на фи­нан­си­ска­та ди­рект­на и ин­ди­рект­на по­мош и фи­нан­си­ра­ње про­е­кти во Ср­би­ја од бан­ки и ком­па­нии што се бли­ски или во сопс­тве­ност на др­жав­ни за­пад­ни ком­па­нии е вто­ри­от па­кет за кој пре­го­ва­ра Ср­би­ја за да не учес­тву­ва во „Тур­ски тек“. И, ко­неч­но, по­мал при­ти­сок за Ко­со­во во на­ред­ни­те 5-7 го­ди­ни е вло­гот што Бел­град го ста­ва на ма­са при од­лу­ка­та за ру­ски­от про­ект.

Си­ту­а­ци­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја е зна­чи­тел­но пос­ло­же­на откол­ку кај дру­ги­те зем­ји кои мо­жат да изв­ле­чат не­што од ко­ке­ти­ра­ње со ру­ски­те пла­но­ви. Единс­тве­на­та ра­бо­та што мо­же да про­из­ле­зе ка­ко по­зи­тив­на од се­то тоа е ко­не­чен при­ти­сок на ЕУ и на САД врз Гр­ци­ја, ко­ја мо­же да го сим­не ве­то­то за евро­ат­лан­ски­те ин­те­гра­ции и да ги рас­чи­сти си­те маг­ли око­лу ма­ке­дон­ска­та ид­ни­на на вна­треш­но-по­ли­тич­ки и на ме­ѓу­на­ро­ден план. Упа­дот на ко­сов­ски­те кри­ми­нал­ни бан­ди во Ку­ма­но­во и ин­ди­рект­но­то ука­жу­ва­ње де­ка се до­вол­ни 100 пла­те­ни лу­да­ци и два ме­ди­у­ми за да се вле­зе во но­ва те­шка без­бед­нос­на кри­за го на­ма­лу­ва про­сто­рот за ма­не­вар на ма­ке­дон­ска­та вла­да. Об­је­ктив­но, за раз­ли­ка од сво­и­те со­се­ди Гр­ци­ја и Ср­би­ја кои ре­ла­тив­но се ма­ли ет­нич­ки чи­сти др­жа­ви и има­ат сил­ни без­бед­нос­ни стру­кту­ри, Ма­ке­до­ни­ја не мо­же да во­ди тр­го­ви­ја спо­ред па­зар­ни­те ус­ло­ви. Осо­бе­но за­тоа што Ма­ке­до­ни­ја ни­ко­гаш и не се оби­ду­ва­ла да ќа­ри не­што на кар­та­та на аме­ри­кан­ско-ру­ски ани­мо­зи­тет, ту­ку се­ко­гаш из­ле­гу­ва­ла со јас­ни стра­те­гии во кои членс­тво­то во ЕУ и во НА­ТО е единс­тве­на­та по­са­ку­ва­на аген­да.  Ду­ри и ко­га има­ло до­ка­зи де­ка дел од ма­ке­дон­ски­те за­пад­ни парт­не­ри ја зло­у­по­тре­бу­ва­ле таа искре­на по­зи­ци­ја.

kolumna143-2

Исто­ри­ја пред да ста­не ре­ал­ност

Ако се сле­дат из­ја­ви­те на ви­со­ки и вли­ја­тел­ни за­пад­ни фа­кто­ри, Европ­ска­та уни­ја и на НА­ТО, тие има­ат јас­на и пре­циз­на цел да не доз­во­лат опе­ра­ци­о­на­ли­за­ци­ја на „Тур­ски тек“, кој е ди­рект­на опас­ност на Европ­ска­та уни­ја за ди­вер­зи­фи­ка­ци­ја на енер­гет­ски­те из­во­ри што ги ко­ри­стат член­ки­те на Уни­ја­та. Во мо­мен­тов, ЕУ за­до­во­лу­ва око­лу ед­на че­твр­ти­на од сво­и­те енер­гет­ски по­тре­би со ру­ски гас, и тоа пре­ку „Се­ве­рен тек“, га­со­во­дот „Ја­мал“ и, пред сѐ, пре­ку  Укра­и­на. До­кол­ку „Тур­ски тек“ ста­не ре­ал­ност, овој про­цент не са­мо што ќе се зго­ле­ми, ту­ку дол­го­роч­но ќе се обес­хра­брат дру­ги про­е­кти, ка­ко, на при­мер, Тран­са­на­дол­ски­от га­со­вод или ста­ри­от план за транс­фер на ка­тар­ски гас пре­ку Си­ри­ја во Сре­до­зем­је­то. Со тоа ЕУ дол­го­роч­но ќе ста­не уште по­за­вис­на од Ру­си­ја, што е во це­лос­на спро­тив­ност со пла­но­ви­те за ди­вер­зи­фи­ка­ци­ја на енер­гет­ски­те из­во­ри на ЕК. И по­крај тоа што гер­ман­ски­от ми­ни­стер за фи­нан­сии јав­но ре­че де­ка не­ма ни­што про­тив грч­ко­то учес­тво во „Тур­ски тек“ , мис­леј­ќи со тоа де­ка се­кој при­ход што го има Гр­ци­ја е ко­ри­сен за да из­ле­зе од кри­за­та, јас­но е де­ка ни­ту ед­на член­ка на ЕУ не­ма да се сог­ла­си со уште ед­на пе­не­тра­ци­ја на ру­ска енер­ги­ја во ЕУ. И офи­ци­јал­но пот­пре­тсе­да­те­лот на Европ­ска­та енер­гет­ска уни­ја, Ма­рош Шеф­чо­вич, пред две не­де­ли из­ја­ви де­ка нај­до­бра оп­ци­ја за да се обез­бе­ди енер­гет­ска без­бед­ност на Евро­па е да се раз­вие т.н. Ју­жен га­сен ко­ри­дор, кој би но­сел гас од цен­трал­на Ази­ја.

Во овој пра­вец нај­до­бра ана­ли­за да­ва по­ра­неш­ни­от пре­ми­ер на Че­шка, Ми­рек То­по­ла­нек, кој се­га е про­мо­тор на та­ка­на­ре­че­ни­от „Исто­чен круг“ – га­со­вод што тре­ба да ја по­вр­зе цен­трал­на со ју­го­и­сточ­на Евро­па, но Ма­ке­до­ни­ја не е на таа ру­та. Спо­ред То­по­ла­нек, ге­о­по­ли­ти­ка­та е над сѐ и за­тоа „Тур­ски тек“ не­ма да ус­пее. То­по­ла­нек ве­ли де­ка Европ­ска­та ко­ми­си­ја не­ма да го под­др­жи про­е­ктот што тре­ба да ми­ну­ва пре­ку Гр­ци­ја, Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја и Ун­га­ри­ја за­тоа што со тоа зна­чи­тел­но ќе се зго­ле­ми ге­о­по­ли­тич­ко­то вли­ја­ние на Ру­си­ја на европ­ско тло. Иа­ко по­ра­неш­ни­от че­шки пре­ми­ер и пре­тсе­да­вач на ЕУ во 2009 го­ди­на има свои ин­те­ре­си ка­ко актер во дру­ги енер­гет­ски про­е­кти, тој најп­ла­стич­но ука­жу­ва зо­што „Тур­ски тек“, мо­же­би, е са­мо еден го­лем мит за кој не­ма ре­ал­на по­ли­тич­ка и ге­о­стра­те­ги­ска под­ло­га.

 

(Текст објавен во 143. број на неделникот Република, 29.05.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top