Јапонската полиција откри труп на жена оставен во куфер, во гардеробата на една од железничките станици во Токио.
Куферот бил откриен покрај гардеробите на станицата, уште пред еден месец, па железничките власти и полицијaта чекале да видат кој ќе се појави да го подигне, не знаејќи што има во куферот.
Вчера било решено да биде отворен куферот откако од него почнало да се шири лоша миризба, па така е најден труп на жена.
Полицијата не го знае нејзиниот идентитет, освен дека е на возраст меѓу 70 и 90 години и е висока 140 сантиметри.
Првиот преглед на телото покажал дека на него нема траги од насилство, па експертите настојуваат да утврдат што е причина за смрта. Не се знае ниту зашто жената била ставена во куфер и оставена во гардеробата на станицата, уште на 26 април годинава.
Јапонската полиција почна со прегледување на снимениот материјал од безбедносните камери поставени во гардеробата и низ станицата за да може да утврди кој го оставил куферот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.