Подземјето во Австралија го контролираат криминалци од балканските земји, кои одржуваат врски со криминални групи во Колумбија, Мексико и од повеќе азиски држави, објави весникот „Дејли телеграф“.
Според весникот, едно големо истражување на „Њуз корп“ открива дека еден од најголемите наркокартели во светот стациониран во Австралија го водат луѓе од Балканот.
Со картелот раководат имигранти од поранешна Југославија, кои во минатото биле „истакнати фигури на подземјето“ и кои од 90-тите години на минатиот век своја база нашле во сиднејскиот кврат Кингс Крос, кој е познат по богатиот ноќен живот, но и по раширениот криминал, наведува весникот.
Според полициските сознанија, овие криминалци кон средината на минатата деценија ја напуштиле Асвтралија и се вратиле на Балканот, но подоцна повтроно пристигнале на австралиско тло, формирајќи криминална мрежа која се проширила низ целиот свет.
Полициски претставник вели дека оваа криминална организација претставува најголема закана за Австралија, благодарејќи на цврстите врски, дисциплината и влијанието врз локалните заедници.
Со картелот наводно раководи извесен Васо Улиќ од Кингс Крос, кој се доселил во Австралија во 1979 година. Картелот, според полициски сознанија, годишно шверцува по најмалку шест тони дрога, пред се кокаин и екстази. Наркотиците потекнуваат од Јужна Америка и преку картелот, покрај во Австралија, се дистирбиураат и во Европа, Кина и Нигерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.