Неодложен почеток на пристапните преговори за членство во Европската унија и прием во НАТО побара денеска македонскиот претседател Ѓорге Иванов на средбите со неговиот словенечки колега Борут Пахор и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.
На средбите што ги оствари во рамки на учеството на Самит 100 што се одржува во Порторож, претседателот Иванов ги информраше претседателите на Хрватска и Словенија за актуелната политичко безбедносна ситуација во Македонија, оценувајќи дека политичката криза и бојкотот на институциите трае предолго, јави известувачот на МИА.
Притоа, Иванов ја нагласи потребата и очекувањето политичките лидери преку политички дијалог најитно што може да дојдат до решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и евроатланската интеграција на земјата.
Најзначајно е, истакна претседателот Иванов, нормализирање на политичкиот дијалог и сите предизвици во рамки на инситуциите согласно Уставот и законите.
Од друга страна деблокадата на евроинтегративните и евроатланските процеси на Македонија кои во голема мера имаат влијание на актуелните состојби може само позитивно да се одрази во целиот регион, нагласи Иванов и изрази очекување дека Словенија и Хрватска, како и земјите од Брдо Бриони процесот ќе дадат силна поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори на Македонија и прием на земјата во НАТО согласно пресудата на Меѓународниот суд на правдата и Времената спогодба.
Соговорниците истакнаа дека позицијата на Словенија и на Хрватска во однос на Македонија е јасна и константна, изразена како бесусловна контнитуирана и приципиелна поддршка за ЕУ и НАТО итегративните процеси со нагласена подготвеност за пренесување на своето искуство на овој план.
На средбата беше реафирмиран и заедничкиот интерес за понатамошно унапредување на економската соработка, за зголемување на трговската размена и привекување на словенечки и храватски инвестиции во Македонија, како и разгледување за заеднички настап на трети пазари.
Воедно беше разговарано и за претстониот самит на Брдо Бриони процесот во Црна Гора, како и за состојбите во регионот на ЈИЕ.
Попладне се очекува да започне панел дискусија на претседателите од регионот насловена како „Нов договор за нова ера“ на која ќе се обрати и претседателот Иванов. Покрај него и домаќинот, словенечкиот претседател Борут Пахор, на Самитот присутни се и претседателите на Хрватска, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и министерот за економија на Србија, Жељко Сертиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа