Најмалку 24 лица се повредени при масовна тепачка на стотици имигранти во пристанишниот град Кале во северна Франција, јавија француксите медиуми.
Според локалната полиција, во тепачката, во која биле користени и метални прачки, учествувале меѓу 200 и 300 имигранти по потекло од Судан и Еритреја.
Инцидентот се случил во илегалниот камп наречен „Нова џунгла“, кој се наоѓа во близина на еден центар, кој им дели храна на имигрантите. Во кампот престојуваат меѓу 1.800 и 2.000 имигранти.
Кале е главно собиралиште на имигрантите кои се обидуваат да стигнат до Велика Британија. Според податоците на француската полиција, во „Нова џунгала“ и во неколку слични кампови во Кале се сместени околу 2.500 имигранти, во најголем број од Авганистан, Судан, Еритреја и Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.